Мирчевски со гол за победа го однесе ТСЦ на второто место во Србија (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Мартин Мирчевски повторно му донесе победа на својот ТСЦ од Бачка Топола, откако го даде голот за триумф со 2-1 против Радник Сурдулица за да го однесе својот тим на второто место на табелата со исто бодовно салдо како и првакот Црвена Звезда, која има три меча помалку.

Мирчевски после хет-трикот против Колубара пред три недели, денеска погоди во 53-та минута од мечот за да го комплетира пресвртот откако неговиот тим се најде во негатива, па за него ова е четврти гол сезонава во српската Суперлига во десетте меча на кои настапи.

Мирчевски веќе го надмина ефектот од лани кога запиша три гола и покажа дека е во одлична форма.

Голот може да го видите на 4:00 минути од хајлајтсот од мечот.