Легендарниот Пантелиќ не успеа да се одбрани од коронавирусот

Поранешниот прославен југословенски голман Драган Пантелиќ утринава почина на 69-годишна возраст како последица од компликации од Ковид-19. 

Докторите во Универзитетската клиника во Ниш не можеа да му го спасат животот, откако вчера бил донесен во тешка состојба. Веднаш бил приклучен на респиратор, но Пантелиќ не успеа да се избори со опасниот вирус.

Во својата голманска кариера бранеше за Раднички Ниш, Лешница, Графичар, Бордо и Тимок. За репрезентацијата на Југославија настапуваше од 1979 до 1984 година и беше чувар на мрежата на Светското првенство во 1982 година.