Легендарниот Чиро Блажевиќ: Бесмислен е фудбалот без навивачи – ова е најголема казна!

Тренерот над сите тренери, легендарниот Хрват, Мирослав Чиро Блажевиќ е познат како човек кој нема влакна на јазикот, а во овој период во кој коронавирусот повеќе од два ипол месеци го прекина спортот, посочи дека фудбал без гледачи – нема смисла.

Како земјите полека излегуваат од кризата, а со тоа се рестартираат и првенствата, заедничко за сите е што публика во најголем дел од лигите – нема да има. Дури е и нејасно до кога би траела ваквата ситуација.

„Ова нема смисла. За секој клуб најголема казна е да игра на празен стадион. Фудбал без гледачи е бесмислен. Нема шмек, нема поента. Точно е дека фудбалс е игра за пари, дека е голем бизнис, ама мораше барем да се сочека, да се најде некаков компромис. Требаше да се бара решение барем мал дел од гледачи да дојдат на стадионите. Вака...“, вели Блажевиќ.