„Кориере дела Сера“: Наполи се откажува од Елмас зашто Фенербахче бара премногу пари

Италијански Наполи, кој во последниов месец беше последен од калчолигашките екипи кои сака да го купи макеоднскиот бисер Елиф Елмас, се откажува од идејата да го ангажира македонскиот бисер зашто во Истанбул цената ја дуплирале за фудбалерот за врска.

Како што објави „Кориере дела Сера“, на Наполи им било побарано 18 милиони евра, што е премногу за наполитанците, па тие полека се откажуваат од идејата за ангажман и сега наводно ќе сочекаат евентуален расплет на целата ситуација за да видат дали би можеле да го добијат за помалку. Поради преголемиот интерес, практично секојдневно цената на Елмас скока во преговорите на заинтересираните клубови со менаџментот на истанбулскиот клуб.

Фенербахче за еден месец сериозно ја крена цената за Елмас, па првично медиумите објавија дека се договорил со Интер за 12 милиони евра, а потоа во игра влезе Атлетико Мадрид, за кого сега се пишува дека наскоро ќе ја заклучат целата операција за 14 милиони евра.

Но, сооглед дека од ден на ден има разни најави и шпекулации, прашањето за иднината на Елмас уште долго ќе биде во фокусот на турските медиуми.