Кинезите на Балкан градат стадион вреден 105 милиони евра (ФОТО)

Кинезите планираат во Хрватска да изградат уште еден стадион, а овојпат во Горица. Градоначалникот на Велика Горица, Дражен Баришиќ, претседателот на Горица и извршниот одбор на Хрватскиот фудбалски сојуз почнаа реализација на спектакуларен стадион.

Архитектот Мирсад Мустеданагиќ испрати проект на стадионот, кој имаше 35.000 места за седење, од што основниот дел би имал 19.600, а за големи натпревари би се отвориле уште 15.400 места.

Исто така, стадионот би имал 400 паркинг места во гаражата, можност за отворање на стаклата, а цената ќе изнесува до 105 милиони евра.

Горица сака покрај стадионот да изгради комплекс со камп, академија, хотел, трговски центар, а планот е првиот меч на новиот стадион да се одигра на 15 октомври 2023 година.