Јаневски се враќа на Кипар – од презема Олимпијакос од Никозија

Поранешниот македонски селектор Черомир Јаневски е пред враќање на Кипар, како тренер на Олимпијакос од Никозија, најавија меидумите во оваа земја и најверојатно многу брзо вардаровата легенда и екс-кормилар на црвено-црните ќе го преземе овој клуб.

Јаневски во минатата година се врати во својот Енозис, по што ја прекина соработката откако се прекина и сезоната поради пандемијата со коронавирус, па сега големи се шансите повторно да дојде на Кипар, овојпат во Олимпијакос, кој поради лоши резултати го сменил досегашниот кормилар на тимот.

Според информациите првичниот контакт на Олимпијакос со Јаневски бил позитивен и македонската легенда била заинтересирана за местото, па сега се очекува многу брзо за да се решат деталите и тој да седне на клупата. Но, еден проблем е што кога ќе дојде во Кипар, ќе мора во десетдневен карантин, но тоа наводно нема да биде пречка за соработка.

Медиумите најавија дека Олимпијакос за мечот со Омонија во следното коло ќе го води Киријакос Поликарпу, додека Јаневски би требало да дебитира на 5 февруари во мечот со Неа Саламина во Фамагуста.

Олимпијакос е деветопласиран на Кипар со 24 бода, седум над зоната за испаѓање, но со ужасна серија од пет порази во низа. Јаневски во кариерата трипати беше тренер на Кипар, двапати во Енозис (2009-2011 и 2020) и еднаш на Етникос Ахна (2011-12), а Омонија ќе му биде трет клуб во оваа земја. Тој е поранешен тренер на Бриж, Монс, Мускрон, Беверен (Белгија), Црвена Звезда (Србија), Исмаили (Египет) и Вардар, а беше селектор на Македонија од 2012 до 2013 година.