Ивановски по двата гола и победата со Хајдук: Ова е голем мотив за дербито со Динамо!

Македонскиот интернационалец Мирко Ивановски врза три гола во последните два меча за сплитски Хајдук, откако на кормилото седна легендарниот Зоран Вулиќ, па битолчанецот синоќа со два погодоци беше еден од најзаслужните за тирумфот на сплиќаните на гостувањето кај Истра 1961 со 4-2.

Хајдук во најдобар можен момент влезе во добра форма, а голгетерски ритам фати и Ивановски, зошто веќе претстојниот викенд на програмата е големото хрватско дерби со шампионот Динамо Загреб.

„Победата и трите бода се најважни. Тренерот ни рече дека секој меч е како финале. А овие две победи се голем мотив за претстојното дерби. Победата е одлична за самодовербата, но прво да го решиме купот. Договоривме план како ќе ја напаѓаме Истра и тоа ни успеа, брзо дадовме два гола, а потоа брзо и трет. Потоа следеше пад на концентрацијата, кој мора да го поправиме, но кога стигнаа на 2-3 и стана опасно, дадов(ме) уште еден. За жал промашивме и пенал за поуедлива победа. Можевме да дадеме уште некој гол, но среќни сме. Ќе напредуваме ние уште во сезонава“, порачал поранешниот репрезентативец на Македонија.