Италијански стручњак тврди дека Елмас не е подготвен за трансфер во гигант

Македонскиот бисер Елиф Елмас повеќе од шест месеци е во фокусот на најголемите европски клубови, кои речиси секојдневно се поврзуваат со трансфер на фудбалерот на турски Фенербахче летово, но експертот за турски фудбал и ФИФА менаџерот Џовани Демонтис.

Џемонтис за италијанските меидуми направи анализа за Елмас, сооглед дека три калчолигаши покажаа сериозен интерес за македонскиот бисер – Интер, Лацио и Фиорентина. Покрај оваа тројка голем интерес има од Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Тотнем, Атлетико Мадрид, Севилја, Реал Мадрид, Борусија Дортмунд, ПСВ Ајндховен, Зенит...

„Зборуваме за тинејџер роден 1999 годиште, кој е доста талентиран, кој е силно момче, но кој допрва физички треба да биде уште посилен. Но, истовремено зборуваме за момче за чии квалитети се зборува многу и секако дека во Италија може да игра. Но, мислам дека во моментов трансфер од Фенербахче во Интер како гигант не може да се случи, зашто му е потребна попатна станица во кариерата“, вели Џовани Демонтис.

Демонтис го испофали макеоднскиот фудбалер, но посочува дека допрва треба да се развива и дека дури и да се случи Интер да го купи, прво ќе мора да мине една година на заем за да стекне искуство пред да почне да игра за „нераѕурите“, додавајќи дека квалитетите не се воопшто спорни на младиот фудбалер.

„Елмас може да го гледате како нешто налик на Зиелински од Наполи,многу квалитетен среден фудбалер, кој може да има импакт на играта со последно додавање. Елмас е високо ценет, но сега не е подготвен за таков исчекор. Но, во блиска иднина и тоа како е играч кој ќе му треба на Интер. Реков и претходно дека не е подготвен за Интер. И да дојде ќе биде неопходно една година да игра некаде на заем, на пример во клуб како Парма, за потоа со малку искуство да полн има придонес кај 'нераѕурите'“, додава Демонтис“, посочува Демонтис.

Елмас во Фенербахче замина во август 2017 година, но есента ја мина во младинскиот погон зашто истанбулскиот клуб не можеше да го регистрира како малолетник, па во првиот тим почна да игра од ланската зима. Истанбулскиот великан го ангажираше за 180.000 евра тренинг-компензација од Работнички, а сега бара најмалку 20 милиони евра од заинтересираните клубови за да го продаде. Елмас со Фенербахче има договор до 2022 година.