И хрватски шампион во кик-бокс добил ќотек на вечното дерби во Белград

Откако спрските медиуми објавија дека еден Хрват ја запалил јужната трибина и го почнал невиденото насилство на вчерашното „вечно дерби“ во Белград, во кое настрадал и еден Македонец, сплитска „Слободна Далмација“ објави дека шестмина сплиќани кои немаат врска со навивачката сцена биле дел од „пучистите“ на јужната трибина на стадионот на Партизан.

Најтешко повреден е Анте Фириќ (26), човекот кого српските меидуми го посочија како искра за големите нереди. Фириќ бил избоден во грбот, а има хематом на главата и затоа е задржан на неврохирургија во српската престолнина. „Слободна Далмација“ потенцира дека во Белград Хрватите дошле на барање на српското подземје, кое сака да ја врати превласта на јужната трибина каде се сместени најжешките навивачи на Партизан сооглед дека во игра се многу пари од наркотици, проценти од продажба на фудбалери, пари од маркетинг на групата....

Во групата на сплиќаните кои биле на југот бил и хрватскиот шампион во боречки вештини и кик-бокс Дамир Товаровиќ, кој по судирите исто така добил тешки повреди и изел голем ќотек од партизановите Гробари, кои го бранеле своето актуелно раководство.

Инаку Фириќ во Хрватска е добро познат престапник, кој бил во притвор под обвинение дека предводел група која по наредба претепала познат хрватски угостител.

Српската полиција се сомнева дека хаосот на трибината е организиран од криминалното подземје, сооглед дека во Белград веќе неколку години трае вистинска војна по улиците, а најчесто се убивани познати лица од „навивачкиот свет“ и кај Гробари и кај навивачите на Ц. Звезда, Делии. Инаку последниот кој силно ја држеше трибината Александар Станковиќ – Сале Мутави беше убиен минатата година, а неговата десна рака Вељко Беливук е во затвор поради убиство. Инаку и двајцата беа во центар на вниманието поради нападот на челниците на Партизан пред повеќе од една година пред стадионот на белградските црно-бели.