Хрватски хулиган претепан на дербито избегал од болница!

Хрватски хулиган, кој бил претепан на белградското вечно дерби на стадионот на Партизан, вчеравечер во хаосот што се случи на јужната трибина попладнево избегал од Воено медицинската академија (ВМА) во српската престолнина.

Повредениот Хрват е еден од четворицата најтешко повредени хулигани од синоќешната масовна тепачка. На ВМА има уште еден хрватски државјанин, а според информациите од болницата, повреден е и еден Македонец, како и еден Грк.

Српските и хрватските меидуми објавија денеска дека во масивната тепачка, во која во позадина стојат криминални банди била за превласт на јужната трибина, а во истата како „пучисти“ имало неколку Хрвати, кои биле повикани на помош за да се освои превласта на трибината.

Во хаосот, исходот е 20 повредени и 26 уапсени лица, од кои еден Хрват со најтешки повреди – нагмечување на мозокот и хематом.