Хрватска екипа е светски рекордер – 557 дена не добила пенал од судиите!
Последниот удар од белата точка го имале на 4 мај 2024 година во дуелот против Горица, кога Бенедик Миоч погоди за победа од 4-1. Оттогаш поминале 52 кола, повеќе од една цела сезона и половина од наредната, без ниту еден досуден пенал во нивна корист. Тимот од Копривница преку соопштение нагласуваат дека во тој период имало бројни ситуации за пенал, но судиите не реагирале, иако, како што тврдат, Судиската комисија на ХНС во неколку наврати потврдила дека клубот бил оштетен.
Најновиот повод за нивното незадоволство е натпреварот од минатиот викенд на „Максимир“ против Локомотива, каде во 73. минута фудбалерот Игор Лепињица бил соборен во шеснаесетникот, но судијата Матео Ерцег не досудил пенал, ниту пак ВАР-собата предводена од Иван Бебек реагирала и покрај прегледот на снимките од неколку агли.