Хрватите „пуздер“ го направија Панчев: Ти беше најлошиот шпиц, сѐ на тацна ти даваа! (ФОТО)

Еден од најдобрите македонски фудбалери во историјата, Дарко Панчев, во интервју за хрватскиот весник „Вечерни лист“ даде неколку интересни коментари на актуелни фудбалски теми.

Но, тој го собра гневот на Хрватите откако изјави за Лука Модриќ дека не е најдобар хрватски фудбалер во историјата, ниту пак на Балканот, и покрај тоа што играчот од средниот ред на Реал минатата сезона успеа да дојде до финалето на СП со својата селекција и ги собра сите индивидуални признанија

Лука Модриќ секако е голем играч, еден од најголемите на овие простори од поранешна Југославија. Но, фудбалот затоа е интересен, некогаш ти дава, но и ти зема. Мислам дека Модриќ не е најдобар ниту во историјата на Хрватска, а секако не на овие простори. Без разлика на големите награди што ги освои сосема заслужено, истакна Панчев.

Оваа негова изјава предизвика револт кај Хрватите, кои испратија бројни коментари на адреса на Панчев.

Ти беше најлошиот шпиц, се на тацна ти даваа, гласеше еден од коментарите.