Гробари се подготвуваат за вечното дерби: На стадион вежбаат - тепање! (ВИДЕО)

Во Србија на интернет се појави видео од тартанот на стадинот на Партизан на кој се наоѓа поголема група навивачи (Гробари), кои вежбаат тепање.

На први март ќе се игра вечното српско дерби, а дел од навивачите на Партизан очигледно на специјален начин се подготвуваат за пресметката со Црвена Звезда. На видеото се гледа како поголема група машки лица синхронизирано вежбаат боречка вештина. Еден командува другите го следат. 

Видеото можете да го видите ТУКА.

Од таборот на Партизан за српските медиуми не коментираат кој им дал дозвола на навивачите да го користат стадионот за ваков тренинг.