Голманот на Партизан ќе се откаже од српскиот пасош поради голот на Ц.Звезда

Голманот на Партизан, Владимир Стојковиќ, збесна по натпреварот против Црвена Звезда, кој заврши 1-1, а голот кој му беше постигнат крена многу „прашина“ во Србија.

Кога се појави по дуелот беше јасно дека е бесен, а тоа го потврди и со неговата изјава.

„Првпат во животот ми е срам што сум Србин, што некој уништи убаво фудбалско случување. Ќе се откажам утре од српскиот пасош. Ќе видите! Не можам да издржам, не можам да се контролирам. Ова е срам. Никогаш во животот не сум видел да се случи, посебно на дерби. Ако е гол, а ви се колнам дека не е.. Морате да бидете 300% сигурни. Тој не можеше да ја види топката од мене, а јас бев внатре и го спасив мојот гол“, кажа Стојковиќ.

Црвена Звезда останува лидер на табелата со 22 освоени бодови, додека Партизан има два помалку.