Го величеше Ратко Младиќ, па доби шут-карта за само 4 дена!

Босанскиот дефанзивец Белмин Халиловиќ (23) пред четири дена потпиша за Алфа Модриќ, а денес доби отказ од клубот поради порака во која играчот го пофали воениот злосторник Ратко Младиќ.

Имено, на социјалните мрежи со брзина на светлината се рашири пораката во која на Фејсбук порача: „Да живее Ратко Младиќ“ во маица со мотиви на Република Српска.

Халиловиќ експресно ја избриша пораката од социјалните мрежи, но не успеа да го сочува местото во тимот на Алфа Модрича.

Поради повреда на клупската дисциплина и оштетување на угледот на клубот, одлучивме да го раскинеме договорот со новото засилување за оваа сезона Белмин Халиловиќ. Клубот се дистанцира од такви и слични работи, и бара неговите членови да се концентрираат исклучиво на спортски и професионални обврски, се вели во соопштението на Алфа Модрича.

По ваквиот раслпет на настаните, Халиловиќ за босанските медиуми даде свој коментар, каде се извини за непромислениот напис.

Јас сум виновен и им се извинувам на сите што ги навредив со оваа незгодна шега. Тоа е грдо што направив, но никогаш во кариерата немав дамка. Не можам да верувам што се случува со мене. Си го уништив животот, се плашам за моето семејство. Се плашам за моите родители. Моето семејство не е виновно за она што го направив. Тоа беше сарказам, глупава шега и сега не ми е дозволено да се вратам во Сараево. Но, најважно за мене е безбедноста на моето семејство. Им се извинувам на сите, немав намера да навредам никого, истакна Халиловиќ за порталот Klix.ba.