Ѓуровски го сменија од клупата на Графичар, па му дадоа потпретседателска функција!

Поранешниот македонски селектор и македонска фудбалска легенда, Бошко Ѓуровски не е повеќе тренер на српскиот второлигаш Графичар, филјалата на белградска Црвена Звезда, но ќе остане дел од клубот и тоа како – потпретседател.

Под палката на Ѓуровски, Графичар немаше најсјајни резултати, иако екс-македонскиот селектор потенцираше дека го има убедливо најталентираниот тим во лигата, па сега неговото место на кормилото го зазема Марко Неѓиќ, кој досега беше тренер во младинската школа на црвено-белите.

Ѓуровски останува во Графичар како потпретседател, кој ќе биде задолжен за координација со младинската школа на Ц. Звезда со цел соработката на белградскиот гигант и филјалата да се крене на уште повисоко ниво.

Графичар инаку е 16-ти од 20-те тима во второлигашката конкуренција кај северниот сосед.