Ѓуровски го имал најталентираниот тим на Балканот, а во Втора лига е – претпоследен!?

Поранешниот македонски селектор и легенда на Македонија, Бошко Ѓуровски е тренер во филјалата на белградска Црвена Звезда, Графичар кој е претпоследен на табелата во второлигашката конкуренција со само десет бода од 11 меча досега, ама тоа легендарниот фудбалер за врска не го колеба да тврди дека го има – најталентираниот тим.

За многумина изјавата на Ѓуровски не се поклопува баш добро, ако резултатите се повеќе од очајни, за да излезе јавно да ѝ каже на српската јавност дека тимот што го види не само што е најталентиран во цела Србија, туку и на Балканот.

„Го имаме најталентираниот тим во Србија, ама и во регионот. Но, за тој талент да излезе на површина ни недостига искуство. Јас верувам во нивниот голем потенцијал, а очекувам дека на пролет ќе бидеме далеку подобри“, вели Ѓуровски.

Поранешниот македонски селектор, кој немаше преголем успех како кормилар на националниот тим, неколкупати беше тренер и на Ц. Звезда во најтешкиот период на клубот кога се соочуваше со големи финансиски проблеми, па еден период беше и помошник во јапонска Нагоја на Драган Стојковиќ – Пикси, кој сега е селектор на Србија.