Фенербахче скапо ќе го плати црвениот картон на Елиф Елмас

Новата година лошо започна за македонскиот бисер Елиф Елмас, кој на куп-мечот со Умранијспор во кој Фенербахче загуби со 0-1, заработи црвен картон за еден груб старт, па сега тоа исклучување скапо ќе го чини истанбулскиот гигант.

Според информациите на турските медиуми, поради грубоста Фенербахче ќе плати казна дури од 11.500 евра (70 илјади лири), а Елмас дополнително е предаден на дисциплинска комисија, која ќе одлучува за висината на суспензијата за своето исклучување.

Младиот македонски репрезентативец во последниот период беше во фокусот со најавите дека низа гиганти веќе понудиле сериозни суми на пари за да го ангажираат, пред се Реал Мадрид, Лацио и Борусија Дортмунд, но засега нема никакви информации од Фенербахче дали ќе прифатат некоја од тие понуди или ќе го чуваат Елмас во своите редови.