Фенербахче земал дрон за тренинзи, а Елмас има пуста желба да го – урне!

Македонскиот бисер Елиф Елмас, актуелен член на турскиот гигант Фенербахче во моментов се подготвува за вториот дел од сезоната на турскиот југ во Анталија, а тој синоќа прописно ја изнасмеа цела Турција и посебно навивачите на сино-жолтите со изјава на клупската телевизија.

Имено, Фенербахче и нејзиниот тренер во стручниот штаб Ерсун Јанал донел дрон на тренинзите за подобро да се следи работата на фудбалерите, но очигледно модерната технологија баш не му се допаѓа на македонскиот репрезентативец.

Па за клупската телевизија кога го прашале, што мисли за дронот како помош, како од топ одговорил: Ми доаѓа на тренинг со топка да го урнам!

Македонскиот бисер во последниот период се поврзува со џиновски трансер вреден најмалку 15 милиони евра, со што би бил најскап македонски фудбалер во историјата. Лацио и Борусија Дортмунд наводно планираат толу да потрошат, а Реал Мадрид веќе издвоил 20 милиони евра. Засега нема реакција од Фенербахче на овие најави на италијанските медиуми.