Фасцинантни податоци: Еве зошто Реал Мадрид и Интер се тепаат за Лука Модриќ! (ФОТО)

Лука Модриќ, за кој во моментов буквално се тепаат гигантите Реал Мадрид и Интер, беше избран за најдобар фудбалер на неодамнешниот Мундијал во Русија, што деновиве е потврдено и со статистички податоци, според кои Хрватот бил играч за врска најмногу допири со топката, најмногу обиди за додавање и најмногу одземени топки на противникот.

Имено, за време на турнирот, сѐ уште членот на „кралскиот клуб“ ја допрел топката 624 пати, се обидел да направи 484 додавања до соиграчите, а дури 56 пати го пресекол нападот на противничката екипа. Мора да се напомене дека во прилог на статистиката на Модриќ оди и фактот што Хрватска дури трипати играше продолженија во нокаут-фазата од Светското првенство.

Овие бројки се дополнителна причина што на Хрватот буквално преку ноќ му скокна цената, а деновиве сведоци сме голема борба за негова преселба во Милано во таборот на „нераѕурите“.