„Елмас може да си оди од Фенербахче, ама само за – 150 милиони евра!“ (ФОТО)

Македонскиот бисер Елиф Елмас ги разгали срцата на навивачите на Фенербахче, кои беа во очај откако нивниот миленик во второто полуврмее влезе во играч помалку, а потоа на средина од вториот дел се најдоа во негатива од 0-1 во дербито со Галатасарај, кога блесна Елмас со гол и им донесе голем бод во турското класико.

Елмас го реши истанбулското супердерби, а после голот, Турците збеснаа за македонскиот репрезентацивец, за кого еден куп скаути дојдоа за да го видат на дело, откако почнаа да стигнуваат понудите од европските гиганти на адреса на Фенер.

„Елмас може да си оди, ама за 150 милиони евра“, беше коментарот кој стана хит на социјалните мрежи

Нема сомнение дека Фенербахче ќе заработи многу пари сооглед дека за нецели 200 илјади евра го донесе во август 2017 година од Работнички, плаќајќи ја само тренинг-компензацијата. Сега, на адреса има 23 милиони евра од Тотнем, ама сооглед на интересот од Реал Мадрид, Ливерпул..., цената нема да биде чудо ако уште порасне.