Дробаров ја напушти егзотичната Индија за да потпише за бугарско Черно Море

Поранешниот младински македонски репрезентативец Влатко Дробаров ја напушти егзотичната Индија, каде беше дел од Керала Бластерс, па се врати на Балканот и денеска беше промовиран за бугарско Черно Море.

Дробаров, кој игра на позиција централен дефазнивец и сега е засилување за бугарскиот тим од Варна, кој е негов шести странски клуб во кариерата.

Дробаров претходно играше во Мексико за тимот на Мурсиелагос, потоа играше за саудиски Оход, ерменски Бабантс, како и за кипарски Арис Лимасол, а последна авантура му беше во Индија.

Инаку родениот скопјанец во макеоднскиот фудбал беше дел од Скопје, Напредок, Тетекс и Беласица. За македонските селекции има шест настапи за таа до 19 години.