По пауза од два месеци поради пандемијата на коронавирус, фудбалот се врати во Србија и тоа со публика на трибините.

По вчерашната победа на Црвена звезда над Инџија со 1-2 во Купот на Србија, денеска пласман во полуфиналето обезбеди Партизан, кој со истиот резултат славеше над Радинк.

И додека кај нас Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се плаши да го продолжи првенството поради коронавирусот, во Србија публиката се врати на трибини, па дури успеа да го прекине денешниот четвртфинален меч.

Имено, на мечот меѓу Радник и Партизан во Сурдулица, навивачите на Партизан истакнаа транспарент со навредлива порака за Црвена звезда на кој пишуваше „Лигите каде што ци*аните не се први - се поништуваат, додека лажните титули со навивачите се прославуваат“, а тоа значеше и прекин од страна на делегатот на овој меч.

Инаку, на натпреварите во првата српска лига се дозволени до 1.000 навивачи по натпревар.