Делии се испотепаа меѓусебе по вечното дерби (ВИДЕО)

По вечното дерби помеѓу Партизан и Црвена Звезда (1-1), на кое имаше контроверзен момент при постигнување на голот на гостите, се случи голема тепачка пред северната трибина.

Проблемот почнал кога една група навивачи сакала да се приближи до играчите на Црвена Звезда кои во тој момент дојдоа до трибините за да прослават. А, тоа не им се допадна на некои навивачи и решија да го спречат тоа насилно.