Даниел Мојсов на мета на Партизан

Повремениот македонски репрезентативец Даниел Мојсов од следната сезона би можел да го носи дресот на белградски Партизан.

Српските медиуми пишуваат, дека на „црно-белите“ очајно им е потребно засилување во одбраната, па спортскиот директор Ивица Илиев веќе имал првични разговори со Македонецот. Наводно, двајцата имале средба за време на зимските подготовки на Партизан на Кипар, каде нашиот фудбалер моментално ги брани боите на АЕК Ларнака.

Стоперот има договор со АЕК до 2020 година, но Партизан е подготвен да плати и обештетување за да го види во своите редови. Мојсов има искуство во српската лига, бидејќи своевремено го носеше дресот на Војводина. Потоа тој играше и за Лирс во Белгија, потоа норвешки Бран, а кратко беше и во Турција во екипата на Адана.