Црвена Звезда плаќа 1,5 милиони евра за фудбалер на Лече

Додека македонските клубови мака мачат со своите финансии и се засилуваат со играчи од бразилската четврта лига или од вторите лиги од соседните земји, Црвена Звезда прави милионски трансфери. 

„Црвено-белите“ редовно продаваат фудбалери за големо обештетување, но сега и тие инвестираат во скапи фудбалери. Српските медиуми велат дека неделава во Белград ќе пристигна Филипо Фалко од Лече и тоа за 1,5 милиони евра. Црвена Звезда ќе уплати 1,2 милиони евра веднаш, а останатите 300.000 евра се во бонуси кои ќе зависат од настапите на српскиот шампион во Европа и домашното првенство. 

Во таборот на Црвена Звезда, Фалко ќе има друштво во својот сонародник од Италија, Диего Фалчинели кој е на позајмица од Болоња. Неофицијално, Фалко ќе заработува 650.000 евра годишна плата во Белград. 

Ако правиме споредба со македонскиот фудбал, ова е двојно повеќе од годишниот буџет на еден просечен наш прволигаш.