Црвена Звезда го совлада Партизан во вечното дерби на „Маракана“ (ВИДЕО)

Црвена Звезда го доби 160. вечно дерби против Партизан на „Маракана“, па сега е на чекор до нова титула во српскиот шампионат.

Ц. Звезда го постигна првиот гол дури во 60. минута преку Ел Фарду од пенал, а во 80. минута Вукановиќ стрелаше за 2-0. Партизан успеа само да го намали резултатот и да ги постави конечните 1-2 во 90. минута преку Гомез од пенал.

Партизан остана на петтото место со 30 бодови и го очекува тешка битка за третата позиција, која обезбедува пласман во Лига Европа, додека Ц. Звезда останува лидер со 48 бодови.