Човекот кој ги спаси Карабатиќ од затвор ќе ја брани Ц. Звезда во аферата за наместен меч!

Откако сериозен сканда ја потресе Европа со наводна местенка на мечот ПСЖ – Црвена Звезда (6-1) во Лигата на шампионите во која близок човек до раководството на белграѓани се обложило со пет милиони евра за пораз на бившиот европски првак со пет разлика, клубот веќе го ангажирал најдобриот адвокат во Франција за да ги брани пред судот во случај на официјално обвинение.

Од Франција веќе стигна потврда дека француското финансиско обвинителство започнало официјална истрага по наводите за местенка на мечот од Лигата на шампионите, која како скандал ја објави угледниот „Л'Екип“, кој се повика на информации дека мечот е сомнителен и пријавен една недела претходно во УЕФА, но и во француската полиција. Засега, целиот случај се сведува на истрага, а допрва ќе се види дали ќе има обвинение.

Но, белграѓани не седат со скрстени раце. Веќе демантираа дека имало нечесни работи, се сомневаат дека е „местенка“ од човек кој сака да му наштети на угледот на клубот, ама затоа решија да го ангажираат најпознатиот француски адвокат Ерик Дипон Морети (58) и неговиот соработник Ентоан Ве (35).

Станува збор за адвокат кој добил 144 одлободителни пресуди и е специјалист за кривично право, а ги застапувал и ги одбранил браќата Карабатиќ, Никола и Лука, кои се соочија со афера за местенка од 2012 година на дуел со Сесон.

„Тие се обложија, но тоа е спортски прекршок, а не кривично дело. Да може обвинителството да интервенира, потребно е во случајот пријава дека мечот е наместен, а такво нешто нема. Овие луѓе најодлучно отфрлаат дека ја наместиле средбата, што значи не се измамници, а мечот не е наместен“, ги бранел тогаш браќата Карабатиќ, а во аферата биле посочени и Драган Гаиќ, Маден Бојиновиќ... И успеал да го извлече најдоброто и максимумот од случајот.

А, тогаш обвинителството бараше и притвор за ракометните ѕвезди, затворски казни за местенката... Самиот прекар „Аквитарор“ најдобро го отсликува. Кованица е од два збора – ослободител и матадор!