Чорлука со емотивно писмо се збогува од репрезентацијата на Хрватска

После 12 години во дресот на репрезентацијата на Хрватска, Ведран Чорлука реши да стави крај на репрезентативната кариера и да се повлече од дресот на „коцкестите“, па преку емотивно писмо им кажа збогум на доскорешните соиграчи и најави дека во иднина ќе биде најголем нивни навивач.

Чорлука дебитираше за Хрватска на 16 август 2006 година во пријателски меч со Италија и оттогаш во следните 12 години одигра 103 меча, а летово со „коцкестите“ стигна до финалето на Мундијалот во Русија и со својата земја го запиша најголемиот спортски успех во историјата.

„Драги навивачи на хрватската репрезентација, по 12 години и 103 меча во најдрагиот дрес дојде време да се збогувам од хрватската репрезентација. Ви благодарам безрезервната поддршка сите овие години и без вас сите овие години чубвството за играње за Хрватска немаше да биде ни близу посебно, како што тоа беше за мене, буквално на секој меч. Нормално, имаше и добри и лоши мечеви, но да знаете дека секој меч го играв со срце. Благодарам на сите соиграчи со кои минавме незаборавни години. Ви благодарам што ми бевте семејство, некогаш бев помлад брат, некогаш постар. Ви благодарам што ме научивте за тоа што значи заедништво, каде тоа може да не однесе... - до финале на СП. Ќе бидам најстрастен навивач и не се сомневам дека повторно ќе се радуваме како и ова лето. Благодарам до сите селектори од Славен Билиќ, Игор Шримац, Нико Крањчар, Анте Чачиќ до Златко Далиќ за сета доверба која ми ја укажавте и што ми помогнавте да ги остварам соништата играјќи за најдрагиот и најубавиот дрес. И за крај, едно благодарам до сите кои ги сретнав низ годините. Но, дојде време да ја затворам оваа врата, која сега се отвора за некој нов кој чека да се појави и неговите соништа да се остварат. Од денеска сум најгласниот навивач, кој ќе го носи сето ова во своето срце. Ве сака, вашиот Чарли“, напиша Чорлука.