Четврти трансфер во најава: Газиантеп тргнал по Адис Јаховиќ

Турски Газиентеп тргнал во операција да го купи поранешниот македонски репрезентативец Адис Јаховиќ, актуелниот голгетер на Јени Малатијаспор, објавија денеска турските медиуми.

Газиантеп кој моментно има исто бодовно салдо како и Малатија, по 24 бода од 18 кола и се наоѓа на десеттото место, едно зад актуелниот тим на македонскиот интернационалец бара напаѓач како засилување за овој тим, па наводно првиот човек на клубот Мехмет Бијикекси веќе воспоставил контакт за трансфер. Неодамна турските медиуми се залетаа со приказна дека Бешикташ сака да го купи Јаховиќ, откако македонскиот интернационалец го заследил истанбулскиот гигант на социјалните мрежи.

Јаховиќ во Маталија дојде летоска од Коњаспор и има договор до јуни 2021 година, а сезонава игра во одлична сезона со 14 гола и една асистенција (11 гола во турската Суперлига) и моментно е еден од најдобрите напаѓачи во Турција. Моментно со 11 гола, Јаховиќ е израмнет со Ведад Муриќи (Фенербахче) и Богдан Станчу (Генчербирлиги) на третата позиција. Пред него е Папсис Сисе од Аланија со 13 гола и Александер Сорлот од Трабсон со 15 гола.

Ако се случи трансфер, за Јаховиќ ова ќе биде четврти клуб во Турција, откако прво играше за Гецтепе, па направи трансфер во Коњаспор, а сега игра за Малатија. Родениот скопјанец кој е дете на Македонија ЃП во кариерата освен за „лавовите“ играше и за Напредок, а потоа за босанските великани Железничар, Вележ, Сарајево, потоа за швајцарските Вил и Цирих, украинска Ворскла, хрватска Риека и руска Крилја Совјетов.