Ц. Звезда докажа дека голот против Партизан е регуларен (ФОТО)

Актуелниот шампион на Србија, Црвена Звезда ги искористи социјалните мрежи за да даде доказ кој би требало да ги убеди навивачите дека голот бил регуларен.

Навивачите и играчите на Партизан ногу тешко го прифатија ремито против Ц. Звезда, по контроверзниот погодок, па го истурија својот бес на судијата Данило Грујиќ и му ја демолираа соблекувалната.

Голманот на Партизан се изнервира и кажа дека ќе се откаже дури и од српскиот пасош, а стратегот на црвено-белите, Владан Милојевиќ му врати на тоа и го критикуваше.

На официјалниот Твитер профил на Црвена Звезда беше поставена фотографија со коментар – „Доколку некој, сепак, имаше дилема...“