Бугарска ѕвезда имаше „страшно деби“ за Пескара - не влезе во игра, а заработи црвен картон!

Бугарската легенда и некогашна калчолигашка ѕвезда, Валери Божинов се врати на Апенините откако неодамна потпиша за Пескара и синоќа требаше да дебитира, арно ама – не дочека такво нешто поради глупост.

Божинов мечот со Кротоне го почна од клупата за резерви и по само 27 минути од мечот како резерва доби – црвен картон. Бившиот фудбалер на Лече, Фиорентина, Јувентус, Парма, Верона и Виченца поради жестоки навреди кон судијата заработи исклучување, па арбитарот го прати да си ја олади главата.

Бугарскиот фудбалер сега ќе мора да сочека на вистинско деби, а поради исклучувањето ќе паузира, пред да добие шанса да истрча на теренот. Како тргна новата авантура допрва ќе има „спектакли“ од 34-годишниот фудбалер.