„Фудбалот не е уметничко лизгање, победува тој што дава голови, а не тој што игра убаво!“

Смртта на легендарниот Ќиро Блажевиќ, кој почина денеска на 88-годишна возраст, одново на површина извади многу негови легендарни изјави, со кои на шмекерски начин ја прикажуваше сопствената фудбалска филозофија.

Една од неговите најпознати изјави е таа дадена на коментатор на ХТВ по мечот во кој Хрватска загуби од Турција. На инсистирањето на водителот дека „коцкестите“ и покрај поразот играле подобро, популарниот „тренер на сите тренери“ одговори во свој стил.

„Случај сине, фудбалот не е уметничко лизгање па да се оценува уметничкиот впечаток. Во фудбалот победува тој што дава гол повеќе, а не тој што игра поубаво“, изјави Ќиро.

Блажевиќ замина по повеќе од една децениска борба со ракот, кого двапати го победуваше, но против кого потклекна во третата битка.