Балкански лудории: Во Црна Гора на футсал меч донесоа - волк!? (ВИДЕО)

Многу лудории може да се забележат на натпреварите ширум Балканот, но на финале на турнир во мал фудбал во Улцињ, Црна Гора беа надминати сите граници кога навивачите решија да донесат волк во кафез.

Навивачите донесоа волк, кој постојано беше нервозен најверојатно поради големиот број на луѓе и врева, а посебно кога кафезот му го креваа во воздух.

Причина за таквиот потег на навивачите е тоа што наводно себе се нарекуваат „волци“, а полицијата во моментов работи на случајот додека реакција најави и друштвото за заштита на животни.