Нов Македонец во Романија: Ангелов од Широки го засили Волунтари

Членот на „златната младинска генерација“ од Евро 2017, Виктор Ангелов, од денеска е нов член на романски Волунтари со што ја зголеми македонската колонија во оваа земја, каде доаѓа после авантурата во Босна и Херцеговина.

Ангелов во Волунтари доаѓа од босански Широки бријег и ќе го носи бројот 19 во романскиот клуб. Напаѓачот е поранешен фудбалер на Металург, Работнички и на унгарски Ујпешт, а во последниве година ипол беше дел од босанскиот клуб во кој најчесто беше резерва и добиваше шанса на мечевите во второто полувреме.

Давид Бабунски пред неколку дена дојде во Виторул Костанца во Ботошани, а во овој клуб остана поранешниот македонски репрезентативец Стефан Ашковски. 

#FCV #CasaLiga1 #newplayer ?￯ᄌマFC Voluntari a semnat astăzi un contract cu fotbalistul Viktor Angelov , care s-a alăturat...

Posted by FC Voluntari on Thursday, January 14, 2021