Ангелов со одличен гол со глава му донесе бод на Широки (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Виктор Ангелов го постигна последниот гол на мечот меѓу Широки Бријег и Борац Бања Лука (2-2), па така му донесе бод на својот клуб во босанското првенство.

Ангелов во 69. минута испрати одличен удар со глава и топката заврши во мрежата на гостинскиот тим, по што Широки се врати во мечот и израмни на 2-2.