Адеми: На првиот тренинг по суспензијата ветив дека ќе ја вратиме титулата!

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, капитенот на Динамо Загреб сезонава се врати на фудбалските терени по двегодишната суспензија поради допинг, па им помогна на „модрите“ да го вратат шампионскиот торфеј во витрините на „Максимир“.

Адеми вчера на својот јубилеен 200-ти меч за Динамо како капитен го крена шампионскиот трофеј по одигрувањето на последното коло во хрватската фудбалска лига (ХНЛ). Сега пред „модрите“ останува само уште задачата турбулентната сезона да ја крунисаат со трофеј во Купот и да ја заокружат со „двојна круна“ за да ја потврдат доминацијата во Хрватскито фудбал.

„Кога го одработив првиот тренинг по суспензијата, јас ветив дека ќе ја вратиме шампионската титула на 'Максимир', па сега одиме да го вратиме и Купот. Им благодарам на навивачите, кои ни беа голема поддршка. Многу ни значи тоа што во голем број дојдоа да го прослават трофејот со нас“, рече Адеми.

Адеми е првиот македонски репрезентативец кој сезонава се закити со шампионска титула, а веројатно таа ќе му биде последна со Динамо, сооглед дека хрватските медиуми најавија можност летово да направи трансфер во некој европски клуб.