Загинатиот планинар се лизнал на само 100 метри од планинарскиот дом!

Мефали Гури од Скопје, роден 1962 година е планинарот кој загина на планината Олимп. 

Информацијата ја потврдија и од Министерството за надворешни работи, но и од неговото планинарско друштво „Шкупи“. 

Според првичните сознанија и според сведочењето на очевидци, планинарот на 100 метри пред планинарскиот дом „Спилиос Агапитос“ изгубил рамнотежа, по што паднал во бездна.

За утре во Солун е предвидена обдукција на телото којашто треба да даде одговори кои се причините за падот. Противпожарни екипи и полиција на Литохоро учествувале во извлекување на телото.