Собрани 15 милиони долари за загинатите хокеари на Бронкос

Трагедијата што ја потресе Канада на шести април го сплоти буквално цел свет. Дури 16 членови на хокеарскиот тим Хамболд бронкос загинаа во сообраќајна несреќа со тимскиот автобус на пат кон натпревар.

Преку интернет-страница за собирање донации за Хамболд бронкос беа собрани неверојатни 15 милиони долари. Преку 140.000 луѓе донирале средства преку оваа интернет-страница од дури 80 земји. 

Во чест за гинатите момчиња е формирана непрофитабилна организација наречена „Хамболд меморијален фонд“, преку која ќе бидат распределени собраните пари. Засега нема точни планови каде ќе бидат донирани средствата, но голем дел сигурно ќе добијат семејствата на загинатите хокераи, како и оние кои беа повредени во сообраќајната несреќа.

„Сакаме исрекно да ви се заблагодариме на сите кои дониравте време и пари за да и помогнете на нашата организација и семејствата, кои беа засегнати од оваа трагедија“, се вели во соопштението на организацијата.

Сите 14 момчиња кои загинаа во несреќата беа на возраст од 16 до 21 година, а меѓу жртвите беа возачот на автобусот и тренерот на тимот.