Неверојатниот лет на Ајзенбихлер го одбележа првиот ден на Планица (ВИДЕО)

Со квалификациите во индивидуалните натпреварувања, започна завршницата во Светскиот куп во ски-летови. Првиот ден го одбележа неверојатниот скок на Германецот Маркус Еисенбихлер кој само неколку сантиметри го делеа од светскиот рекорд. 

Со скоковите на Рјоу Кобајаши и Еисенбихлер се одбележа првиот скокачки ден на Планица. И двајцата скокнаа по 248 метри и беа само за пола метро пократки од светскиот рекорд на Планица кој го држи Петер Преврц.

Освен Кобајаши и Еисенбихлер во утрешното финале ќе гледаме уште 38 најдобри скокачи. Тим Зајц денеска имаше лет од 239 метри, а фанстастичен преку 230 метри беше и Стефан Крафт.