Најсилната хокеарска лига ќе продолжи во август, ама без гледачи

Најсилната хокеарска лига на светот (НХЛ) ќе ја продолжи сезоната во август, а мечевите од плејофот ќе се играат без гледачи, само колку формално да се заврши сезоната и да се добие освојувачот на Стенли-купот.

Иако засега нема официјална потврда, американските медиуми веќе ја најавија оваа опција, а раководството на лигата наскоро треба да го донесе планот како ќе се заврши оваа сезона, која е во прекин поради пандемијата со коронавирус. Веројатно НХЛ ќе се реши да ја прекине регуларната сезона, зашто има само уште три недели да се доиграат тие мечеви, а потоа кога ќе стивне големата криза, да се продолжи со плејофот.

Наводно, НХЛ на сите тимови веќе им порачала да почнат да ги подготвуваат своите арени за летово, но многу извесно е како што информира ЕПСН, дека сите мечеви ќе се играат без гледачи.

САД е најпогодената земја на светот од коронавирусот со над 350.000 заразени и над 10.000 починати од Ковид-19