Малку фалело да се случи голема трагедија на СП во бијатлон

Малку фалело на Светското првенство во бијатлон да се случи голема трагедија во италијанскиот зимски центар Антхолц-Антерселва, па еден од редарите на трката на 15 километри во женска конкуренција да загине.

Човекот од обезбедувањето се појавил зад стрелиштето и тоа во момент кога бијатлонките стигнувале навреме за да пукаат кон метите, па едно промашување надвор од стрелиштето би можело да биде фатално за човекот од обезбедувањето.

За среќа, брзата реакција на Норвежанката Ингрид Тандерворлд, која го алармирала тренерскиот штаб, не довело до евентуална трагедија. Според информациите, човекот од обезбедувањето не пресметал правилно кога треба да се тргне од „опасната зона“, а во тој момент правел проверка некој од гледачите да не залута во тој дел.

„Вакво нешто првпат гледам и мора нешто да се направи, мора нешто да се смени, додека некој навистина не настрада“, вели тренерот на норвешките бијатлонки, Зигфрид Мазе.

Во бијатлон, спортистите користат патрони од 22 милиметри, кои може да убијат човек, па затоа ситуацијата била критична и замо среќа го спасила обезбедувачот.