„Мајката природа“ го откажа слаломот во Вал Дизер (ФОТО)

Скијачите денеска нема да се натпреваруваат во слалом во францускиот ски-центар „Вал Дизер“ поради лошите временски услови, соопштуваат од „ФИС“.

Трката што требаше да се одржи денеска е откажана поради силен ветар, кој не дозволува скијање.  

Скијачите оваа година возеа само една трка во слалом на која триумфираше Марсел Хиршер во Леви. Австриецот вчера победи во велеслалом во „Вал Дизер“, кога имаше услови за натпреварување.