Кобајаши постави нов рекорд на Планица

Јапонскиот скокач, Рјоју Кобајаши го постави најдолгиот скок во историјата на скокалницата на Планица. Јапонецот успеа да прелета 252 метри во првата серија од денешната програма на Светкиот куп во ски-скокови.

Покрај тоа што скокот е најдолг на Планица, овој скок е и втор во историјата на ски-скоковите. Пократок е само 1,5 метар од рекордниот скок  кој е долг 253,5 метри и стои зад името на Штефан Крафт од Австрија.

Досегашниот рекорд на Планица, беше дело на Полјакот Камил Стох кој прелета 251,5 метар.