Два детали од специјалната кацига на Чех привлекоа големо внимание (ФОТО)

Легендарниот голман Петр Чех бранеше успешно повеќе од една деценија на фудбалските терени, а сега реши тоа да го направи и на мраз, кадешто вчера имаше успешен меч за хокеарскиот клуб Гилфорд Феникс.

Чех одбрани неколку одлични удари, меѓу кои и два пенали за победа на неговата екипа, но во центар на внимание беше кацигата на голманот, на која се најдоа и Арсенал и Челси, кадешто настапуваше во Англија.