Ајзенбихлер подобар од Кобајаши во првиот ден на Планица

Првиот ден од натпреварувањето на скокалницата во Планица помина во знакот на Германецот Маркус Ајзенбихлер, кој успеа да слави пред големиот конкурент Рјој Кобајаши.

Германецот имаше скокови од 238,5 и 233 метри, па освои вкупно 445 бодови. Додека второто место му припадна на Кобајаши, кој скокна 242 и 220 метри  сега во генералниот пласман има 6,9 бодови помалку од Ајзенбихлер.

Третото место беше резервирано за Пјотр Зјала, кој имаше скокови од 242 и 234 метри и освои вкупно 437,3 бодови.

Во Планица ќе има скокови и во сабота, а на програмата е натпреварувањето по тимови.