Италијански велосипедист почина од Ковид-19 – имаше само 21 година!

Младиот велосипедист од Сан Марино, Микаел Антонели почина денеска како последица од коронавирусот.

Тој имаше само 21 година, а од 2018 година се опоравуваше од тешката несреќа што ја имаше за време на трката Фиренца-Вијареџо, кога тешко ја повреди главата. По долг престој во болница, тој пред неколку месеци почнал сам да се храно по што бил пуштен на домашно лекување, но кон крајот на ноември се зарази со Ковид-19 со тешка клиничка слика, што се покажа како кобно.

Од Антонели прв се збогува и неговиот тим Мастромарко Нибали и тоа со емотивна порака на Твитер.

„Збогум Микаел, засекогаш ќе те паметиме. Целиот наш тим е со твоето семејство во овие тешки моменти“, објавија од оваа екипа.