Двајца италијански велосипедисти позитивни на коронавирус

Двајца велосипедисти од Италија биле позитивни на коронавирус за време на Турнејата низ Обединетите арапски емирати. 

Организаторите веднаш го откажаа натпреварувањето и тоа на две етапи до крајот. Имињата на велосипедистите не се објавени јавно.

„Оваа одлука е донесена поради заштита на сите учесници. Безбедноста и здравјето се најголемите приоритети“, изјавија организаторите на трката.

Во меѓувреме сите учесници на трката од велосипедисти, до сите кои работат на турнејата ќе бидат тестирани за коронавирус. Дел од ѕвездите на спортот на социјалните мрежи објавија дека ќе останат во своите хотели додека не добијат зелено светло од докторите.