Ватерполистот кој скокна во морето ги покажа раните од ножот! (ФОТО)

Ватерполистите на Црвена звезда, Александро Краљ, Милош Максимовиќ и Душан Васиќ првпат излегоа пред новинарите по нападот од хулигани кој им се случи изминатиов викенд во Сплит, кога мораа животот да го спасуваат со скокање во море.

Најлошо помина голманот Краљ, кој добил силен удар во носот, како и раасекотини од нож на ногата.

Фотографиите најдобро покажуваат низ што сѐ поминале црвено-белите ватерполисти.