Прва снимка од нападот во Сплит: Мајка со бебе, хулигани протрчуваат и – хаосот почнува! (ВИДЕО)

Момче кое седело во кафуле во близина на местото на кое вчера беа нападнати ватерполистите на Црвена звезда, меѓу кои еден мина потешко, а спасот го побара скокајќи во море, го снимил моментот кога хулиганите го почнале крвавиот пир.

Во снимката до која дојдоа хрватските медиуми, се гледаат хулиганите како со метални палки и друго оружје во полн трк се упатуваа кон гостите од Белград, а во моментот кога почнува хаосот прекинува и снимањето.

 

 

„Седев во кафуле, гледав во морето и решив да фотографирам едрилица која во тој момент исплови кон отвореното море. Не ни сфатив дека се случува нешто, дури потоа забележав дека случајно сум снимил двајца од напаѓачите“, изјави момчето.

На снимката се гледа како во еден момент поминува мајка со бебе, која за среќа не беше прегазена од хулиганите кои го направија хаосот и поради кој голманот на Ц. Звезда, Александро Краљ мораше да скокне во море.